mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

ОН: тешка криза за вода во нигериската метропола Лагос

ОН: тешка криза за вода во нигериската метропола Лагос

Типографија

Најголемиот нигериски град Лагос се соочувасо криза за вода, поради што условите за живот на милиони луѓе се многу лоши, соопштил експерт од Обединетите нации.

Официјален претставник на градот одговорил дека веќе се вложувало за да се надмине проблемот.

Лагос има 21 милион жители и е изграден врз лагуна. Долго време се соочува со проблеми да обезбеди доволно вода за пиење и за хигиена. Се проценува дека само 10 отсто од неговите жители имаат пристап до чиста вода обезбедена од локалните власти. Ова се должи на долги години лошо управување со водоснабдителниот систем, вели Лео Хелер, специјален известувач на ОН за човековите права на вода и санитарни услуги, откако гувернерот на Лагос го презентирал предлог-буџетот за 2017 година.

  • Владините извештаи откриваат алармантно голем недостиг од вода, поради што милиони жители на мегалополисот живеат во неприфатливи извори - вели Хелер, додавајќи дека е потребно поголемо вложување во овој сектор за да се надминат проблемите.

Како реакција на неговите коментари, Стив Ајоринде, комесар за информации на Лагос, рекол дека буџетот за следната година предвидува пари за решавање на двата главни проблеми на градот, вода за пиење и почиста околина. Но тој додал дека постојаното доселување на луѓе од другите делови на Нигерија и од соседните држави го зголемува притисокот врз инфраструктурата на градот.

  • - Потребен е приватен капитал за да се обезбеди подобар пристап до водата за пиење - рекол тој, додавајќи дека властите на Лагос ги испитуваат можностите за јавно-приватно партнерство.

Иако Нигерија е најголема африканска економија, се соочува со една од највисоките стапки на смртност кај децата поради болести што се пренесуваат преку водата. Државата бара меѓународна помош за да вложува во капацитети за прочистување на водата и во проширување на дистрибутивната мрежа. Поради нестабилниот јавен водоснабдителен систем, многу жители ги користат услугите на приватни снабдувачи, или самите дупчат бунари. Оштетувањата на старите цевки предизвикуваат загуба на околу една четвртина од прочистената вода.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет