mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

И во Монголија се протестира за чист воздух

И во Монголија се протестира за чист воздух

Типографија

Стотина жители на главниот град на Монголија, Улан Батор, се собрале на протест барајќи од властите да преземат построги мерки против загадувањето.

Тие стравуваат дека токму загадениот воздух е причина за болестите на децата и за скратувањето на животниот век на населението.

Тие се собрале на плоштадот пред владините канцеларии во Улан Батор, носејќи транспаренти на кои пишувало „ да им дадеме чист воздух на нашите деца“, „смогот е тивок убиец“ и „не можеме да дишеме“.

  • Очајни сме и затоа ги организираме овие демонстрации, за и властите да ја почувствуваат нашите фрустрации и лутина - изјавил Пуревку Цендерој, еден од организаторите.

Според податоците на УНИЦЕФ, загадувањето на воздухот е поврзано со три болести што се најчести причини за прерана смрт во Монголија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет