mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Шест најважни научни откритија во 2016 година

Шест најважни научни откритија во 2016 година

Типографија

Судар на црни дупки, делови од диносаурус во килибар, потенцијален живот на друга планета, оваа година во науката беше многу бурна.

Магазинот Национална Географија ги прогласи најважните откритија во 2016 година и нивното значење за понатамошно разбирање на светот во кој живееме, од нашето потекло до длабочината на вселената.

1. Откриен џиновски морски крокодил

Научниците во јануари ни донесоа неверојатни вести, дека пронашле најголем морски крокодил досега во африканска пустина. Врз основа на черепот на фосилот и другите коски кои биле откриени во Тунис, истражувачите претпоставуваат дека животното можело да порасне и до 9.14 метри во должина и да тежи околу 3 тони, пишува американскиот Нешнл џеографик..

Наречен Machimosaurus rex, 120 милиони години старо животно ни понуди клучни траги на можното масовно изумирање на крајот на периодот Јура, пред 145 милиони години. Се до сега, палеонтолизите мислеа дека ако такво нешто се случило дека влијаело на телеосауридите, група која ги вклучувала и макимосаурусите.

Ова откритие не само што е доказ дека некои морски рептили преживеале, туку дека истребувањето можеби било поголема афера од што се мислело до сега.

2. Првпат се детектирани гравитациони бранови

Сто години откако Ајнштајн го предвидел нивното постоење, слабите бранови во вселената во почетокот на оваа година конечно имаа свое деби. Познати како гравитациони бранови, овие бранови се создадени од најсилни настани во вселената; во овој случај спојување на две црни дупки фатени во спирален танц на смртта.

Во февруари оваа година научниците со помош на високосензитивни детектори во Лујзијана и Вашингтон детектираа гравитациони бранови кои поминуваат низ Земјата, а неколку месеци подоцна беше откриена и втора рунда бранови потврдувајќи дека сигналот не бил случаен.

Астрономите се многу среќни поради ова откритие, бидејќи гравитационите бранови можат да влијаат на новиот начин на набљудување на другите невидливи објекти во универзумот како директно мерење на својствата на мистериозните црни дупки.

3. Сонда на НАСА стигна на Јупитер

Беа потребни пет години и 2,7 милијарди километри, но во јули оваа година вселенското летало Џуно на НАСА ја заврши својата мисија да влезе во орбитата околу најголемата планета во сончевиот систем.

Џуно тргнал во август 2011 година и претставува прв објект кој тргнал кон Јупитер од завршетокот на мисијата на Галилео во 2003 година.

Вселенскиот брод на соларен погон е дизајниран за проучување на силните магнетни структури на теренот на џиновската планета, со што евентуално би се отворил пат како замрзната месечина на Европа во следните децении. Но, Џуно прво мора да го преживее долгиот пат низ вселената и мачното патување низ појаси со зрачење на планетата.

4. Живот на друга планета?

Шансата за знаци на живот на некоја друга планета се зголеми во август, кога астрономите ја најдоа најблиската ѕвезда на Сонцето – Проксима Кентаури, која е оддалечена 4,24 светлосни години.

5. Древни отисоци на стапала во Танзанија

Танзанија била непроценлив извор на информации уште од најраните денови на нашето постоење, откривајќи коски, алати и други одбележја на повеќе видови на човечки сродници. Во октомври, научниците открија илјадници древни човечки отисоци на стапала во населбата Енгаре Серо, кои датираат од 5.000 до 19.000 година и укажуваат на рани отисоци на трчање и патувања во различни групи близу вулканот.

На друго место наречено Лаетоли во 1970-тите години, палеонтрополозите пронашле најстар отисок на стопала, кои ги направил Аустралопитекус афаренсис пред 3.6 милиони години. Овие отисоци понудија најрана евиденција на исправено одење меѓу човечките сродници. Овој месец, научниците со евалуација на градилишта за музеите откриле уште отисоци на стапала во Лаетолија, додавајќи ги на нашето знаење и особините на Аустралопитекусот и контроверзата околу навиките на парење меѓу овие рани човекови предци.

6. Опаш на диносаурус во килибар

Мало парче килибар кое е најдено на пазар во Бурма за среќа дошло во рацете на палеонтолозите, кои во декември објавија дека содржи прв познат дел од опаш на диносаурус. Стар 99 милиони години, опашот прво бил помешан со парчиња на растителен материјал, но детална анализа покажала дека се работи за коска и меко ткиво покриено со нежни пердуви.

Внимателна анализа открила дека опашката некогаш припаѓала на млад соелуросаурус од семејството на диносаури кое ги вклучува тираносаурусите и модерните птици.
 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет