mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Птичјиот измет ја лади атмосферата

Птичјиот измет ја лади атмосферата

Типографија

Изметот од птиците, богат со амонијак, ја лади атмосферата и може да помогне да се намалат некои последици од глобалното затоплување, како топењето на мразот на Арктикот. Ова го покажало истражувањето на Универзитетот на Колорадо, кои ги проучуваат климатските системи на Северниот пол.

Професорот по атмосферски науки Џеф Пирс и студентот Џек Кодрос ги претставиле податоците кои ги поврзуваат емисиите на амонијак од колониите птици што во летно време престојуваат на Арктикот, и новоформираните атмосферски аеросолни честички. Овие честички може да влијаат на својствата на облаците на Арктикот и на нивните последици по климата.

Облаците се клучниот фактор во определувањето на климата на Арктикот. Според тоа, познавањето на факторите што влијаат врз облаците е од суштинско значење, вели професорот Пирс.

Со комбинација од набљудување и компјутерски модел, Пирс, Кодрос и другите коавтори на студијата утврдиле дека колониите од птици-преселници дефинитивно имаат влијание врз атмосферските честички и врз облаците за време на летото на Арктикот. Испарувањето на амонијакот од нивниот измет придонесува облаците да се поставуваат така што ќе ја одбиваат сончевата светлина и на тој начин ќе придонесуваат за постудени температури на Арктикот.

  • Оваа новооткриена и фасцинантна еколошко-атмосферска врска ја покажува меѓусебната поврзаност на многуте компоненти од климатскиот систем на Земјата - вели Пирс.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет