mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Газпром со рекорден извоз на гас поради студот во Европа

Газпром со рекорден извоз на гас поради студот во Европа

Типографија

Руската компанија Газпром соопшти дека дневните испораки на природен гас за земјите надвор од поранешниот СССР достигнале рекордно високи количества поради студеното време во Европа.

Газпром вчера испорачал 615,5 милиони метри кубни гас за европските држави, подобрувајќи го вчерашниот рекорд за околу еден милион метри кубни.

  • Достигнавме целосно ново ниво на извоз во услови на студено време, понизок обем на производство во Европа и поголема побарувачка на гас на енергетскиот пазар - изјави директорот на компанијата, Алексеј Милер.

Газпром обезбедува околу една третина од гасот во земјите на ЕУ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет