mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Нафтениот бизнис загрижен: нигериски племиња ја тужат Шел во Лондон

Нафтениот бизнис загрижен: нигериски племиња ја тужат Шел во Лондон

Типографија

Во следните неколку недели лондонскиот Висок суд треба да одлучи дали компанијата Ројал Дач Шел може да биде тужена во Лондон поради излевања на нафта во Нигерија, а многу правни експерти сметаат дека случајот може да има драматични последици врз целиот нафтен бизнис.

Тужбата ја поднеле двете племиња Биле и Огале, кои живеат во регионот на делтата на реката Нигер, богат со наоѓалишта на нафта. Тие не можеле да ја тужат нигериската фирма-ќерка на оваа британско-холандска компанија пред нигериските судови, па затоа се обратиледиректно до британските судови. Шел смета дека случајот треба да го водат нигериските судови, зашто станувало збор за исклучиво нигериски проблем.

Компанијата исто така ја отфрла одговорноста за излевањата на нафта за кои е тужена, тврдејќи дека тие се резултат на саботажи и на нелегално рафинирање. Но ако Високиот суд пресуди во корист на племињата, некои правни експерти сметаат дека тоа ќе поттикне и многу други заедници низ светот да ги тужат меѓународните корпорации со седиште во Велика Британија пред британските судови. Дел од нив додаваат и дека та може да ги охрабри луѓето во многу земји намерно да ги влошуваат последиците од излевањата, за да бараат поголеми отштети.

  • Овој случај носи ризик за мултинационалните компании, кои може да се соочат со барања за отштета пред англиските судови за случаи што немаат никаква врска со Англија - вели Том Каминс од адвокатската фирма Ешхарст.

Племињата Биле и Огале се решиле на овој чекор само неколку месеци откако Шел вонсудски се согласи на едно друго племе, Бодо, да му исплати отштета од 55 милиони фунти.  Овој случај се однесувал на две излевања во 2008 година, за кои од Шел признале дека се нивна вина, поради корозија на нафтоводите. Адвокатската фирма Леих Деј, која ги претставува племињата Биле и Огале, и која и случајот на племето Бодо го подигнала во Лондон, вели дека нигерискиотсудски систем е неспособен да овозможи фер судење за вакви случаи во прифатлива временска рамка. Според оваа фирма, прашање е дали компаниите би преземале сериозни акции за расчистување ако не им се наметне меѓународен притисок.

  • Имаме двоен проблем. Од една страна е системската неефикасност на судовите, а од друга фактот дека луѓето едноставно не можат самите да соберат доволно докази за да ги тужат компаниитево Нигерија - вели Даниел Лидер од Леих Деј.

Од нигериската Агенција за детекција и одговор при излевање на нафта ги бранат нигериските судови и истакнуваат дека тие веќе казниле неколку локални компании, вклучувајќи ја и фирмата-ќерка на Шел.

Од Шел велат дека со племето Бодо се договориле за отштетата затоа што ја признале одговорноста за излевањето, но никогаш не се согласиле случајот да се постави пред лондонските судови. Оттаму додаваат дека таквиот потег би поттикнал лавина од случаи од заедници чии земјишта се уништени поради саботажи, кражби на нафта или нелегално рафинирање, појави што се често присутни во делтата. Според компанијата, дури 92 отсто од излеаната нафта на нејзината фирма во Нигерија е резултат на таквите активности. Тоа е една од причините зашто Шел демонтира дел од своите нафтоводи по 50 години работа во Нигерија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет