mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Осло времено забрани користење на дизел автомобили

Осло времено забрани користење на дизел автомобили

Типографија

Од утре во Осло ќе биде забрането движење на дизел автомобили во обид да се запре големото загадување на воздухот.

Оваа мерка предизвика повеќе реакции меѓу возачите, кои во претходните неколку години беа охрабрувани да купуваат токму автомобили со дизел мотори.

Забраната, која ќе важи за регионалнните патишта, но и за големите национални патишта, кои ја пресекуваат норвешката престолнина, ќе важи до четврток, кога се очекува подобрување на временските услови, соопшти општината на Осло.

Оние кои ќе ја прекршат оваа забрана ќе бидат казнети со 166 евра.

Првпат Осло воведува таква забрана, чиј принцип беше одобрен во февруари 2016 година од страна на мнозинството локални одборници, меѓу кои има лабуристите и екологисти.

Иако испуштаат помалку јаглерод диоксид, дизел моторите исфрлаат повеќе азотен диоксид.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет