mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Се затвора циркус стар 146 години, под притисок на борците за права на животните

Се затвора циркус стар 146 години, под притисок на борците за права на животните

Типографија

Циркусот Ринглинг брос, Барнум и Бејли престанува со работа по 146 години во овој бизнис, поради зголемените трошоци и намалената продажба на билети, соопшти управата.

  • По многу процени и пресметки, ја донесовме оваа тешка одлука. Последната претстава на циркусот ќе биде во мај - изјавил Кенет Фелд, директор на компанијата што го поседува циркусот.

Минатата година овој циркус мораше да се откаже од својата точка со слонови поради тужба од активисти за заштита на правата на животните. Беше казнет да плати шестцифрена сума, а освен тоа, без таа точка се намалил интересот на публиката.

Групата за заштита на животните ПЕТА ја поздравила одлуката за запирање на, како што велат, најтажното шоу на планетата за дивите животни, и ги повикала и другите циркуси што имаат животни да се приспособат на новите времиња. Според претседателката на ПЕТА Ингрид Њукирк, по 36 години активизам се разбудила свеста кај луѓето за животните што се држат во заробеништво. Активистите често протестирале пред циркусите делејќи флаери и фотографии од, како што истакнувале, малтретирање на животните.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет