mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Чиле прогласи вонредна состојба поради шумските пожари

Чиле прогласи вонредна состојба поради шумските пожари

Типографија

Во Чиле владее вонредна состојба откако повеќе шумски пожари збришаа речиси 50 илјади хектари површина и загрозија неколку градови, фабрики и лозови насади.

Пожарникари, шумарски работници и припадници на армијата се борат со вкупно 18 посебни жаришта во централниот и во јужниот дел од земјата, но огновите се засилуваат поради силните ветришта и топлотниот бран што го зафати овој регион. Најголемиот пожар зафатил 24 илјади хектари во регионот Пуманке, на околу 140 километри јужно од главниот град Сантијаго и во близина на дел од винските региони на Чиле.

  • Му наложив на министерството за внатрешни работи да прогласи вонредна состојба во областите зафатени со пожарите - порачала претседателката Мишел Бачелет на Твитер.

Чадот од пожарите веќе го покрил главниот град Сантијаго. Во борбата против огнената стихија се вклучени и авиони и хеликоптери, но со ограничен успех. Шефот на чилеанската шумарска служба, Арон Кавиерес, изјавил дека пожарите се предизвикани од луѓе, но дека засега не можело да се утврди дали станува збор за намерно подметнување. Од оваа служба најавиле дека ќе се затворат за посетители сите национални паркови во загрозените региони. Дел од пожарите горат во близина на парковите, но засега ниту еден не е зафатен од нив.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет