Малгорзата Војтачка (51), од полскиот град Вроцлав, успеала сама, за само 69 дена, со пешачење, да стигне до Јужниот Пол, којшто се наоѓа на 2.835 метри надморска височина.
Полјачката е всушност втората жена во историјата која го направила тој подвиг, по Французинката Лоранс де ла Ферие во 1997 година. Војтачка, исто како и нејзината претходничка, се движела со скии влечејќи ја зад себе санката со шаторот, опрема и храна, борејќи се со силниот ветер и сите други временски неприлики.
Авантуристката од Полска тргнала од западното крајбрежје на Антарктикот, и поминала 1.300 километри, пешачејќи 20 километри дневно.
Последните 100 километри биле посебно напорни за неа, оти тогаш го намалила времето за спиење, а последната делница ја изодела без прекин 24 часа.