Паркот за диви животни во австралиската метропола Сиднеј веќе некое време ги поттикнува луѓето да фатат смртоносен т.н. инкаст пајак („Atracinae") и да го донираат ним.
Причината е едноставна - повеќе залихи противотров за животните што се чуваат таму и коишто често се случува да ги гризне отровен пајак, но и за луѓето, како што открива генералниот директор на Паркот, Тим Фокнер.
„Австралиски парк за рептили“, како што гласи името овој градски објект, е единствениот доставувач на противотров во земјата од 1981. Австралија во последно време се повеќе се соочува со напади од смртоносни пајаци.
И покрај застрашувачкиот австралиски животински свет, од 1981 година, кога е и започната таа програма, се досега никој не починал од каснување од пајак.