mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Нивото на радијација во Фукушима на рекордно високо ниво

Нивото на радијација во Фукушима на рекордно високо ниво

Типографија

Нивото на радијација во оштетениот реактор на нуклеарната централа Фукушима во Јапонија достигна рекордно високо ниво поради што би можеле да бидат изгасени роботичките системи, што е најнова закана за разладувањето на централата оштетена при цунамито во 2011 година.

  • Нивото на радијација во реакторот број два сега е многу повисока од 2012 година - соопшти Токиската компанија за електрична енергија (ТЕПКО).

Според најновите мерења, нивото на радијација изнесува 530 сиверти на час, додека пред пет години сензорите детектираа радијација од 73 сиверти на час.

ТЕПКО посочува дека радијацијата не е на високо ниво надвор од реакторот.

По силниот земјотрес на 11 март 2011 година цунами го погоди североисточниот брег на Јапонија при што загинаа или исчезнаа повеќе од 18 илјади луѓе, а катастрофата предизвика топење на три реактори во Фукушима.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет