mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Најмалку 37 жртви на студот, обилните снежни врнежи и лавини во Авганистан

Најмалку 37 жртви на студот, обилните снежни врнежи и лавини во Авганистан

Типографија

Најмалку 37 лица загинале во Авганистан заради силниот студ, обилните снежни врнежи, дождови и лавини во последните три дена, соопштиле локалните власти.

  • Други 16 лица се повредени во 25 провинции низ земјата - изјави портпаролот на авганистанската служба за борба со природните несреќи, Омар Мохамади.

Најмногу е погоден северен Авганистан. Шестнаесет лица загинаа и над десетина се повредени во провинциите Бадахшан и Сар е Пул, каде лавините затрупаа куќи.

Многу патишта во централниот и северниот дел на земјата и натаму се затворени. Врз автопатот Саланг, што ги поврзува северен и централен Авганистан, од минатата недела има паднато дури 33 лавини.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет