mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Најмалку 150 луѓе затруени од отровни испарувања во Оберхаузен

Најмалку 150 луѓе затруени од отровни испарувања во Оберхаузен

Типографија

Најмалку 150 граѓани имале тешкотии при дишењето по истекувањето на сулфурна киселина од танкер на хемиска постројка во градот Оберхаузен во западна Германија.

По откривање на хаваријата локалните власти ги евакуирале граѓаните, кои што живеат во близина на постројката, а на останатите им се советува да не ги напуштаат своите домови.

Според противпожарната служба во Оберхаузен досега околу 150 луѓе се третирани од службите за итна помош поради респираторни проблеми но само двајца биле пренесени во болница.

Истекувањето на опасната хемикалија се случило во објект на фирмата „Хам Хемие“ каде во специјален танкер се чувале 600 кубни метри 96 отсто сулфурна киселина, а кој според противпожарната служба сега е целосно празен.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет