mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Суровата зима во Монголија закана за над 150 илјади номадски семесјтва

Суровата зима во Монголија закана за над 150 илјади номадски семесјтва

Типографија

Исклучително студеното време во Монголија е ризик за преживување на над 150 илјади номадски овчари и нивните семејства само една година откако во тешка зима угинаа најмалку милион грла животни.

Ова го соопшти Меѓународниот комитет на црвениот крст.

Особено погодени се семејствата кои се уште се справуваат со последиците од минатогодишниот  „зуд“ – исклучително неповолна метеоролошка појава карактеристична за Монголија и се изразува со летна суша, и долга зима со снегови и температури од минус 40 до минус 50 степени Целзиусови.

Над 40 илјади крави и друг добиток веќе се угинати и таа цифра ќе расте во следните месеци како и напролет. Зуд обично има на секои 12 години во Монголија, но оваа зима е втора по ред во која се случува таа метеоролошка појава.

Минатата година од тоа угинаа над милион грла добиток кој е единствен извор на храна, транспорт и приходи за речиси половината од 3-милионското население во Монголија. Хуманитарни организации повикаа за итна помош за државата каде речиси 70 отсто од територијата е под снег и 157 илјади домаќинства на овчари во 17 од вкупно 21 провинција се изложени на ризик за преживување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет