mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Единствениот парк во Бејрут заборавен и од граѓаните

Единствениот парк во Бејрут заборавен и од граѓаните

Типографија

Бејрутската шума, единствениот парк во главниот град на Либан, позната и како Хорш Бејрут, пред една година повторно беше отворена за граѓаните, по повеќе од две децении. Но иако паркот е отворен, и натаму постојат многу проблеми со неговото користење.

Приватизацијата е закана за земјиштето, па Бејрут наскоро би можел да стане прв град на Медитеранот, или на кое било море воопшто, без парче плажа за своите граѓани, пишува хрватскиот портал Х-алтер.

Градот полека се претвора во Дубаи. Но Бејрут не може да биде Дубаи затоа што не бил празен простор на кој богатите решиле да си играат. Тој бил град во кој живееле неговите граѓани и за сите имало место. Најголемиот единствен градс ки парк, Хорш Бејрут, бил повторно отворен благодарение на долгогодишниот труд на активистите.

Градските власти таму планирале да изградат голем стадион, но повеќе граѓански иницијативи се здружиле и го отвориле прашањето - за кого се гради градот? Тие бараат да се исклучи приватниот сектор од проектите за обнова на паркот, бидејќи тој треба да им припаѓа на сите. Бејрут има само 0,65 квадратни метри зелена површина по жител, што е далеку под препораките од Светската здравствена организација, од 10 квадрати по жител.

  • Хорш Бејрут е парк од историско значење за градот, некои дрвја таму се стари стотина години. Но во 1980-тите Израел го бомбардираше паркот и речиси целиот простор беше запален. Потоа паркот беше затворен, но ние сакавме да се обнови и да биде простор за рехабилитација и за промена, бидејќи се наоѓа меѓу различните квартови и делови од градот што беа на спротивните страни за време на војната. Паркот требаше да се отвори во 1995 година, но властите го спречија тоа и ни рекоа да чекаме уште 10 години. Нормално, ни во 2005 година немаше отворање. Затоа во 2011 година конечно ги зедовме работите во свои раце и почнавме сериозно да работиме на кампања за отворање на паркот, бидејќи сфативме дека градот сам нема ништо да направи за ова прашање - рекле од иницијативата Нахну.

Паркот е отворен само по неколку часа дневно, но се случувало дури и во часовите кога треба да биде пристапен, да не може да се влезе во него.

  • Проблемот е што луѓето едноставно заборавиле дека паркот постои, затоа што со децении не можеа да го користат. Многу млади генерации воопшто не знаат за паркот, тоа за нив е едноставно простор покрај кој поминувале. Затоа моравме од почеток да работиме за да ги запознаеме граѓаните со Хорш Бејрут - додаваат од иницијативата Нахну.

Според нив, главната причина поради која се одолговлекува целосното отворање на паркот е што градот не сакал да вложи свои пари за ова јавно добро, туку повеќе сакал да го отстапува просторот за приватни проекти што носат профит.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет