mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

ОН итно бара 4 милијарди долари за 20 милиони гладни

ОН итно бара 4 милијарди долари за 20 милиони гладни

Типографија

Организацијата на Обединетите нации итно бара 4 милијарди долари за да им помогне на речиси 20 милиони луѓе што страдаат од глад во Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и во Јемен, соопшти Генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш.

Климатските промени и воените конфликти се главни причини за кризата за храна, истакнал Гутереш, додавајќи дека за да се финансираат хуманитарните операции оваа година се потребни 5,6 милијарди долари, од кои 4,4 милијарди мора да се обезбедат до крајот на март за да се избегне катастрофа.

  • И покрај неколку великодушни најави, само 90 милиони долари стигнале досега. Се уште сме на почетокот од годината, но бројките се загрижувачки - додал Гутереш.

Тој истакнал дека во Јужен Судан околу половина милион деца се во ризик поради гладот. По околу седум милиони луѓе се во опасност од глад во Јемен и во Нигерија, и итно им треба помош.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет