mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Се повеќе метрополи без автомобили

Се повеќе метрополи без автомобили

Типографија

На крајот на 2016 година градоначалникот на Мадрид Мануела Кармена го повтори нејзиниот план да ја направи престолнината град без автомобили. Таа потврди дека главната авенија во Мадрид до мај 2019 година ќе има пристап само за велосипеди, автобуси и такси, а до 2015 година ќе има забрана за сите дизел автомобили во градот.

Но, шпанскиот град не е единствен во оваа намера. Урбанистите и политичарите во повеќе светски градови почнаа да бараат начини да создаваат повеќе простор за пешаците, а со тоа да има и помала емисија на јаглерод диоксид од автомобилите.

Движењето без автомобили веќе 12 градови го воведуваат.

Осло планира трајно да ги забрани сите автомобили од центарот на градот до 2019 година, шест години пред забраната да стапи на сила во целата земја. Норвешкиот главен град ќе инвестира во јавниот превоз и планира да замени околу 50 километри на патишта со велосипедски ленти.

Мадрид планира до 2020 година да редизајнира 24 од најпрометните улици во градот. Иницијативата е дел од „одржлив план за мобилност“ која има за цел да се намали секојдневната употреба на автомобили од 29 на 23 отсто.

Архитектите Адријан Смит и Гордон Гил имаат дизајнирано нова станбена површина за кинески град. Во овој град полесно ќе биде да се оди отколку да се вози затоа што улиците ќе бидат дизајнирани така што луѓето ќе можат да одат било каде за 15 минути.

Хамбург планира пешачењето и возењето велосипед да ги направи доминантен начин на транспорт во градот. Градот планира да направи „зелена мрежа“ на поврзани простори во кои луѓето ќе немаат потреба од автомобили. До 2035 година мрежата ќе покрие околу 40 отсто од Хамбург и ќе вклучува паркови, детски игралишта, спортски терени.

Во Копенхаген повеќе од половина од населението оди на работа со велосипед благодарение на воведените пешачки зони уште на почетокот на 1960 година. Главниот град на Данска сега има повеќе од 350 километри велосипедски патеки и има еден од најниските проценти на сопственост на автомобили во Европа. Најновата цел на градските власти во Копенхаген е да изградат автопа за велосипеди кој ќе се протега до околните населби. Првиот од 28 планирани насоки е отворен во 2014 година, а уште 11 ќе бидат готови до крајот на 2018 година. 

Париз ги забрани дизел автомобилите и двојно ги зголеми велосипедските патеки.

Од јули 2016 година, на сите возачи на автомобили произведени пред 1997 година не им е дозволено да се вози во центарот на градот во работните денови. Ако не го сторат тоа, тие ќе платат парична казна.

Атина, исто така, се приклучи на забраната за дизел автомобили. Во декември 2016 година, Атина соопшти дека ќе ги забрани дизел автомобилите од центарот на градот до 2025 година.

Иницијативата служи како обид да се подобри квалитетот на воздухот во градот. Атина веќе ги ограничува дизел возилата од центарот на градот во одредени денови врз основа на нивниот број.

Исто како и во Париз, градоначалникот на Лондон, вели дека градот ќе ги забрани дизел автомобилите од 2020 година.

Брисел ја претстави најголемата област без автомобили во Европа.

Повеќето улици кои го опкружуваат плоштадот во Брисел, како и големата шопинг улица отсекогаш биле само пешачки.

Градот е во потрага на повеќе начини да ги прошири своите зони без автомобили, а еден предлог е најпопуларниот булевар со четири ленти да се претвори во пешачка  област. Во февруари 2016 година, Брисел најави дека дизел автомобилите произведени пред 1998 година ќе бидат забранети од 2018 година.

Мексико Сити се надева дека ќе забрани околу два милиони автомобили од центарот на градот.

Во април 2016 година, локалната власт на Мексико Сити одлучи да им забрани на дел од автомобилите да се движат во центарот на градот два дена секоја работна недела и секоја втора сабота во месецот. Врз основа на бројот на регистарската табличка се одредува кој автомобил кој ден може да се движи.

Додека повеќето градови ги забрануваат автомобилите Ванкувер ги убедува жителите да користат повеќе јавен превоз. Луѓето во Ванкувер половина од патувањата ги поминуваат со пешачење, велосипед, автобус или подземна железница.

Иако Њујорк не планира забрана за автомобил во блиска иднина, ги зголемува пешачките површини, заедно со велосипедите, метрото и автобусот.



BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет