mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Најмалку 24 загинаа при одрон на ѓубриште во Етиопија

Најмалку 24 загинаа при одрон на ѓубриште во Етиопија

Типографија

Најмалку 24 лица загинаа, а 28 други се повредени денеска при одрон на земјиште на депонија во предградие на главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

При одронот на депонијата Коше целосно се урнати триесетина импровизирани живеалишта. Градоначалникот на Адис Абеба, Дириба Куме изрази стравување дека ова нема да биде конечен биланс на жртвите, бидејќи уште околу 30 лица се водат како исчезнати.

Според проценката на некои од жителите на депонијата, во моментот на несреќата на тоа место имало околу 150 лица. Куме најави дека властите ќе преземет мерки за згрижување на сите лица што живеат на депонијата.

Пред неколку години градските власти ја затворија оваа депонија, создадена поред повеќе од 50 години, но неодоамна беа принудени повтороно да почнат да ја користат за допонирање отпад и смет, бидејќи локални фермери во знак на протест поставија блокади на пристапните патишта кон новоизградената депонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет