Градските власти на Мадрид ги објавија плановите да се забрани старите и повеќето возила што загадуваат да се тргант од центарот на градот до 2025 година.
Ова е обид со остри мерки да се справат со загадувањето на воздухот.
Локалната самоуправа во центарот на градот ќе ја забрани употребата на возила регистрирани пред 2000 година, а кои се на бензин мотор и дизел автомобилите регистрирани пред 2006 година.
- Забраната ќе го намали нивото на азот диоксид во градот за околу 15 отсто, кој отровен гас и кој е причина за респираторните проблеми - велат од локалната власт на Мадрид.
Градоначалникот на Мадрид Мануела Кармен смета дека ова е план А за квалитетот на воздухот во Мадрид, бидејќи не може да има било каков план Б.
Локалната власт на Мадрид одвои 544 милиони евра за завршување на 30 мерки вклучени во планот, кој исто така поттикнува поголемо искористување на обновливите извори на енергија.