mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Снежна бура го погоди североисточниот дел на САД

Снежна бура го погоди североисточниот дел на САД

Типографија

Снежна бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што се откажани повеќе летови, а властите им препорачаа на луѓето да останат во своите домови.

Државните училишта на различни места, меѓу кои Њујорк, Бостон, Вирџинија и Филаделфија се затворени.

Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за снежна бура во региони во осум сојузни држави, вклучувајќи ги Њујорк, Пенсилванија, Њу Џерси и Конектикат.

Според прогнозите до утре изутрина ќе се формира снежна покривка до 60 сантиметри, а температурите се меѓу 15 и 30 степени под вообичаните за овој период од годината.

Предупредувањата за невремето се издадени во региони долж источното крајбрежје на САД, со вкупно население од околу 50 милиони лица.

Авиокомпаниите откажаа над четири илјади летови пред да надојде бурата, покажуваат податоците на сајтот за следење на летовите FlightAware.com.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет