mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Циклон усмрти најмалку 78 лица на Мадагаскар

Циклон усмрти најмалку 78 лица на Мадагаскар

Типографија

Најмалку 78 лица ги загубија животите во налет на циклонот „Енаво“, кој го погоди Мадагаскар минатата недела, соопштија локалните власти.

  • Штетата е огромна секаде каде што мина циклонот. Најмалку 78 лица загинаа како последица на циклонот, вклучувајќи ги оние семејства кои загинаа како последица на свлечишта, додека 153 илјади се раселени од своите домови поради невремето - изјави шефот на Националното биро за управување со кризи.

Циклонот го погоди североисточниот дел на Мадагаскар, уништи патишта и ги пресече врските со регионот Анталаха, во кој живеат 230 илјади жители.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет