Агенцијата за заштита на животната средина на САД на Мичиген ќе му додели грант од 100 милиони долари за надградба на системот за вода за пиење и за решавање на кризата во која илјадници деца во Флинт беа изложени на труење од олово.
Гранот ќе биде за да се забрза и да се прошири работата на проектот, да се заменат оловните цевки и да работи на подобрување на системот. Се проценува дека трошоците за надградба на системот ќе бидат од 200 до 400 милиони долари.
Според ЕПА фокусот е на подобрување на водоводната инфраструктура во Флинт, како дел од една поголема цел за подобрување на целиот тој систем во Америка.