Пластичните шишиња, доколку не се соберат за рециклирање, може да се искористат за од нив да се направат неколку корисни работи за во домот.
Во видеото е прикажано како од едно пластично шише, со само малку работа, може да се направи држач на шољи за кафе и за пластични чаши, футрола за чадор и за продолжен кабел, штитник за штекер, палета за темперни бои. Секоја од направените работи може да биде корисна за во домот, а потребно е само пластично шише, ножици и идеја.