mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Се очекува топла и влажна пролет во Америка

Се очекува топла и влажна пролет во Америка

Типографија

По најтоплиот февруари во Њујорк и зимата која се врати минатата недела, следува топла пролет.

Во Њујорк, каде пешаците се уште поминуваат по купишта снег и мраз, живата во термометарот се очекува на почетокот на пролетта да се искачи до 10 степени во текот на денот.

Метеоролозите велат дека нивната прогноза е за натпросечни пролетни температури.

Додека источниот дел од Америка има благи температури, а Тексас и Луизијана ја имаа најтоплата зима по повеќе од еден век, Западниот брег има влажно време по неколку години суша.

Температурите за април, мај и јуни се очекува да бидат над нормалното во јужниот дел, долниот дел на Мисисипи долината и на источниот брег, велат метеоролозите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет