mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Северна Австралија се евакуира поради приближувањето на циклонот Деби

Северна Австралија се евакуира поради приближувањето на циклонот Деби

Типографија

Илјадници лица, вклучувајќи туристи беа евакуирани од крајбрежните градови во северна Австралија поради приближувањето на силниот циклон Деби.

Се очекува циклонот да стаса до Северната територија на Австралија со ветрови со брзина до 240 километри на час по линијата на крајбрежјето, долга 100 километри, соопшти метеоролошката служба.

Премиерот Малком Трнбол предупреди дека луѓето кои живеат во областите каде што се очекува да погоди циклонот, треба да одат на безбедно место.

  • Добивме официјална наредба за евакуација и заедно со своите семејства треба веднаш да се евакуираат - рече тој. Федералната влада и силите за одбрана тесно соработуваат со провинциската влада за да реагираат на природната стихија, додаде Трнбол.

Циклонот се формираше пред неколку дена на отворено море, во близина на брегот на Квинсленд и се очекува на копно да стаса утре наутро.

Евакуирани се 3.500 лица од градовите Хоум Хил и Прозерпајн, на стотина километри од туристичкиот град Таунсвил. Наредба за евакуација ќе биде издадена и за други 2.000 лица. Затворени се стотина училишта.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет