mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Квебек ќе ги забранува кучињата питбул

Квебек ќе ги забранува кучињата питбул

Типографија

Владата на канадската покраина Квебек ќе ги забрани кучињата од расата питбул и ќе го ограничи правото за нивно чување.

Ова го најави Мартин Коато, министер за јавна безбедност на Квебек.

По трагедијата која се случила пред неколку месеци, Владата ќе предложи строга рамка за чување на кучиња кои се сметаат за опасни за жителите, а тоа може да стигне до таму и да се забранат одредени раси, вели Коато.

После смртта на една жена во Монтреал која била нападната од питбул и неколку други случаи општините побарале рамка за регулирање и затворање на кучињата.

  • Таа смрт нас не увери дека треба да ја забраниме расата питбул - вели министерот.

Предлог законот предвидува воспоставување на контролни мерки кои ќе се применуваат за сите кучиња, а ќе бидат во склад со степенот на опасност.

Владата има утврдено четири категории и тоа забранети кучиња од типот на расата питбул, опасни кучиња кои се регистрирани како такви после некој инцидент, потенцијално опасни и останати кучиња.

Соседната покраина Онтарио ги има забрането питбулите уште во 2005 година, а таа раса е забранета и во други канадски градови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет