mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

На атлантскиот морж и ирвасот карибу им претсоти опасност од изумирање

На атлантскиот морж и ирвасот карибу им претсоти опасност од изумирање

Типографија

На атлантскиот морж и ирвасот карибу им претсоти опасност од изумирање во канадскиот дел од Арктикот.

Од Комитетот за статусот на загрозените видови во Канада велат дека број на овие видови е покачен на 62.

  • Во изминатите децении областа на која се населуваат арктичките моржови се намалува. Со топењето и повлекувањето на морскиот мраз се зголемува нивниот контакт со индустријата и туризмот - се наведува во извештајот на стручњаците кои препорачуваат двата вида да се означат како предмети за посебна грижа.

Моржот е особено чувствителен на промени во живеалиштето, а важен е за Ескимите како храна и културолошки.

Познатиот вид карибу во Квебек за помалку од 25 години е намален за повече од 800 илјади на само неколку илјади грла. На падот на бројот на карибу влијаат активностите на луѓето и забрзаната промена на климата во светот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет