mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Ротердам со решение: стакленичките гасови да се складираат во морето

Ротердам со решение: стакленичките гасови да се складираат во морето

Типографија

Планот на Европската унија за имплементирање на технологијата за собирање и складирање стакленички гасови може да успее во Ротердам, каде што има цела мрежа од подводни цевки што може да се искористат за нивни пренос, пренесува агенцијата Ројтерс.

Компаниите што се големи загадувачи треба да ја применат оваа технологија. Научниците, пак, порачуваат дека нејзиниот развој е неопходен ако државите сакаат да ги постигнат своите цели за ограничување на емисиите на овие гасови во атмосферата, како обид да се запре глобалното затоплување. Тие додаваат дека не може да се очекува дека наскоро драстично ќе се намали употребата на фосилни горива, па затоа мора да се најдат поинакви решенија.

Директорот на пристаништето во Ротердам, Алард Кастерлајн, изиавил дека е уверен дека проектот може да успее, очекувајќи дека ќе биде донесена конечна одлука да се инвестираат 500 милиони евра во него.

Се проценува дека подводните цевки, кои веќе не се во употреба, може да соберат стотици милиони тони стакленички гасови, а со пилот-проектот би се складирале по еден милион тони годишно.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет