Силните дождови и поплавите во кина досега одзедоа 87 животи и присилија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, известија државните медиуми.
Во северната провинција Хебеи загинаа 72 лица и 78 се сметаат за исчезнати, а Речиси 50 илјади домови се урнале, според информациите на надлежните.
Во централната провинција Хенан се регистрирани уште 15 жртви и 8 исчезнати, а дури 78 илјади луѓе морале да се евакуираат. Вкупно, од поплавите биле погодени 8,6 милиони луѓе.
Големи делови од Кина беа зафатени со врнежи летово, и досега загинаа повеќе од 200 луѓе. Околу 1,5 милиони хектари земјоделски посеви се поплавени, што според владините податоци, ќе и` нанесе штета на земјата од околу три милијарди долари. Централната банка претходно издаде соопштение дека ќе обезбеди финансиска помош за погодените региони.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS