mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Климатскиот договор може да стапи во сила годинава

Климатскиот договор може да стапи во сила годинава

Типографија

Постои голема веројатност дека глобалниот договор за справување со климатските промени ќе стапи во сила до крајот на оваа година, со што на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ќе му биде потешко да се повлече од него ако победи на изборите.

Држави на кои отпаѓаат 54 отсто од емисиите на стакленички гасови покажале подготвеност да го ратификуваат договорот годинава. Треба да се исполнат два услова за да почне важноста на договорот: да го ратификуваат најмалку 55 држави, и на нив да отпаѓаат најмалку 55 отсто од испуштените стакленички гасови. Ако овој двоен праг се достигне, спогодбата стапува во сила во рок од 30 дена.

Договорот од Париз предвидува големи промени во користењето на енергијата во светот, за да се намали испуштањето на стакленички гасови во атмосферата. Главно треба да се заменат фосилните горива со обновливи извори. Досега го ратификувале само 22 држави, на кои отпаѓаат само 1,08 проценти од емисиите. Кина и САД, кои се одговорни за испуштањето на 38 отсто од овие гасови, ветија дека ќе го сторат тоа до крајот на годинава. Слични најави стигнале и од други големи загадувачи како Австралија, Канада, Мексико и Индонезија.

Ако договорот стапи во сила, за отстапување од него е предвиден процес што трае четири години. Според дипломатски процени, тоа ќе му ја отежни работата на Трамп да издејствува нов договор ако стане претседател на САД. Трамп изјавувал дека се сомнева дека глобалното затоплување е резултат на човековите активности. Сепак, со договорот не се предвидуваат никакви казни, што значи дека Трамп едноставно може да ги игнорира обврските од него.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет