mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Топењето на мразовите може да ослободи американски радиоактивен отпад

Топењето на мразовите може да ослободи американски радиоактивен отпад

Типографија

Глобалното затоплување може да ослободи радиоактивен отпад сместен во бункер длабоко во мразовите на Гренланд, ако тие продолжат да се топат, изјавиле научници од Универзитетот во Цирих. Кампот Сентури бил изграден на Гренланд во 1959 година во екот на Студената војна.

Кога бил напуштен во 1967, во него останало непознато количество течности со ниско ниво на радијација, бидејќи се претпоставувало дека тие се закопани засекогаш. Во моментов кампот е на 35 метри под мразот. Но тој дел од покривката може да почне да се топи пред крајот на веков.

  • Климатските промени може да го ослободат напуштениот опасен отпад за кој се верува дека е закопан под мразот на Гренланд. Ако тоа се случи, постои опасност да се нарушат околните екосистеми - соопштија од универзитетот.

Според студијата на овој универзитет, би било екстремно скапо сега да се отстрани отпадот, и тоа треба да се направи кога мразот би се стопил до таа точка што речиси би ги ослободил материите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет