mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Над 160 пожари моментно беснеат во Португалија

Големи шумски пожари беснеат во Португалија

Типографија

Повеќе од 3.000 пожарникари во Португалија моментно се борат со 160 пожари, од кои осум се оквалификувани како големи, соопштија вчера локалните власти.

Природните непогоди на северот од земјата, кои избувнаа в петокот, својата кулминација ја достигнаа вчеравечер.

Во околината на градот Авеиро се ангажирани 370 пожарникари, пет авиони и еден хеликоптер кои се борат со три големи пожари. Пламените јазици претставуваат закана за околните згради. Десетици жители и туристи се евакуирани, а сообраќајот е во застој.

Над 200 пожарникари и еден хеликоптер ги гаснеа двата големи пожари во округот Вијана ду Каштелу. Пожарот близу градот Порто, пак, е веќе изгаснат.

Шумските пожари во Португалија летно време се вообичаена појава. Метеоролошките прогнози не навестуваат смирување на состојбите. Високи температури се најавуваат и за следната седмица.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет