mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Супер-вошка се шири низ Америка

Супер-вошка се шири низ Америка

Типографија

Вошките се вообичаен проблем на секој почеток од учебната година, но родителите годинава имаат поголема грижа, а тоа е мутираната супер-вошка која е отпорна на хемиските препарати за третман што се во слободна продажба, пренесуваат американските медиуми.

Студија објавена во Весникот за медицинска ентомологија открива дека во дури 42 сојузни држави во САД, 100 отсто од вошките што биле испитани биле отпорни на препаратите што може да се купат без рецепт. Во шест држави имало мешани резултати, односно дел од пронајдените вошки реагирале на хемикалиите, а дел не. Две држави не биле вклучени во истражувањето.

Според лекарите, ова покажало дека е потребно да се смени начинот на кој што семејствата се справуваат со проблемот со вошките, и дека треба барем повремено да се користат препарати што се пропишуваат со рецепт.

  • Ако цело време користите иста хемикалија, нормално е дека овие мали суштества ќе станат отпорни на неа. Затоа треба да се размисли. Добрата вест е што вошките не пренесуваат болести. Тие се повеќе непријатност отколку што било друго - рекол докторот Кјонг Суп Јун, кој работел на студијата.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет