mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Продолжува борбата со пожарите во Португалија и во Шпанија

Продолжува борбата со пожарите во Португалија и во Шпанија

Типографија

Властите во Португалија и во Шпанија продолжуваат со напорите да локализираат и изгаснат шумски пожари кои веќе една недела беснеат на Пиринејскиот полуостров.

Во Португалија над 1.800 пожарникари се ангажирани за повеќе од 30 пожари во државата. Еден од најголемите, во реонот на градот Сан Педро до Сол, веќе е под контрола.

Во Шпанија во гаснењето на пожарите се вклучени хеликоптери кои им помагаат на тимовите на земја во северната провинција Галисија каде во изминатите неколку дена уништени се околу 17 илјади хектари шума.

Дополнително пожарите се интензивираат од силните ветрови и високите температури. Огнената стихија досега однесе животи на најмалку четири луѓе во Португалија и еден во Шпанија. Стотици се евакуирани, а има и оштетени и уништени куќи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет