mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Човекот додава повеќе копно отколку што морето одзема

Човекот додава повеќе копно отколку што морето одзема

Типографија

Во изминативе 30 години на Земјата е додадено копно колку островот Јамајка,со градежни активности во крајбрежни подрачја со кои се поместува линијата на брегот.

Поради ова, човекот успева да надомести повеќе копно отколку што се губи поради растот на нивото на морето и крајбрежната ерозија, покажала една неодамнешна студија.

Ширењето на пристаништата во Кина, изградбата на луксузни острови во Дубаи и проектите за поместување на брегот во Холандија се меѓу проектите што најмногу придонесуваат за ова, покажале податоците на холандската истражувачка група Делтарес. Со помош на сателитските податоци од Гугл, тие пресметале дека крајбрежните подрачја биле поголеми за 13.565 квадратни километри во споредба со 1985 година. Вкупно за овие три децении се додале околу 33.700 квадратни километри копно, а 20.135 квадратни километри биле загубени. Најмногу копно се губело во Виетнам и во делтата на реката Мисисипи во САД.

  • Очекувавме да утврдиме дека копното се намалува, како што расте нивото на морињата, но бреговите всушност растат. Ова покажува дека моќта на градежништвото е огромна - рекол Федор Барт од Делтарес.

Според проучувачи на климатските промени, нивото на морињата се зголемило за околу 20 сантиметри во последните 100 години. Тоа се поврзува со испуштањето на гасови во атмосферата што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, и понатаму доведуваат до топењето на мразовите од Гренланд до Антартикот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет