Службите за итни интервенции на Канзас во американската сојузна држава Мисури морале да спроведат десетина спасувачки акции во поплавите што го поплавија градот по тридневни силни врнежи.
Луѓето ги оставале своите потопени автомобили на улиците и се обидувале да се спасат. Нема информации за жртви, ниту за повредени.
Освен што тешките врнежи го погодиле центарот на градот, и реките во околните рурални подрачја се излеале, соопшти американската Национална метеоролошка служба.
- Во некои делови од градот за една вечер наврна повеќе дожд отколку во целото лето - рекол Ден Хоблицел од Националната метеоролошка служба.