mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Извештај: најголемата катастрофа во Бразил била поради лошо направена брана

Типографија

Уривањето на браната за јаловина на рудникот Самарко во Бразил минатиот ноември се случило бидејќи објектот бил лошо проектиран и не функционирало одведувањето на водите.

Ова се содржано во извештајот на 76 страници за најголемата еколошка катастрофа во бразилската историја. При уривањето на браната загинаа 19 луѓе.

Според извештајот, кој е нарачан од компаниите одговорни за излевањето, серија настани што се случувале уште од 2009 година довеле до пукање на браната. Сепак, во документот не се посочува конкретен виновник или пропуст поради кој дошло до смртоносниот инцидент.

За разлика од тоа, со полициската истрага што се води паралелно, директно се обвинува компанијата што го раководи рудникот за неправилности што го предизвикале излевањето. Компанијата ги негира обвинувањата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет