mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Перфлуоридни соединенија најдени во крокодилите и во алигаторите

Перфлуоридни соединенија најдени во крокодилите и во алигаторите

Типографија

Иако американските алигатори и јужноафриканските крокодили живеат на огромна оддалеченост едни од други, и кај двата вида во крвта биле најдени истите соединенија што се користат во индустријата и во домаќинствата, покажала нова лабораториска студија од САД.

Овие соединенија, кои спаѓаат во хемикалиите што не се распаѓаат, се сметаат дека предизвикуваат труење на црниот дроб, намалена плодност и голем број други здравствени проблеми кај луѓето и кај животните. Но иако веќе не се користат во САД и во многу други земји, оваа студија покажала дека се` уште може да се најдат во крвта на животните. Со студијата била земена крв од 125 американски алигатори од 12 локации во Флорида и во Јужна Каролина, и кај сите нив биле забележани барем шест од 15-те перфлуорирани алкилни киселини чие присуство се следело.

Перфлуорираните соединенија се користеле за различни производи, меѓу кои водоотпорна облека, облека отпорна на дамки, восок, нелепливи тавчиња и пена за гасење пожар.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет