mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Иновативни методи за борба со сушите во Кенија

Иновативни методи за борба со сушите во Кенија

Типографија

Кенија може за една деценија да се спаси од уништувачките ефекти врз шумите, вели младиот кениски научник Ендру Муде. Тој добил награда за иновативниот метод што го пронашол, комбинирајќи нов начин на осигурување и и врвна технологија.

  • Сигурен сум дека со овие методи ќе се стави крај на намалувањето на бројноста на стадата, што предизвикува глад - изјавил Муде, економист во Интернационалниот институт за истражување на добитокот од Најроби, Кенија.

Во својата суштина методот на Муде, од кој досега корист имале над 16.000 семејства, е мошне едноставен. Тој развил осигурителна шема со која на сопствениците на добитокот им се исплаќа отштета кога ќе потфрлат дождовите, наместо кога ќе им угинат грлата. Се користи сателитска технологија со која се следи количеството дождови. Ако тоа е помало од просечното, отштетата се исплаќа веднаш, наместо да се чека, како последица на сушата, добитокот да изумира. Потоа сточарите може да ги искористат тие пари токму за да ги заштитат своите стада и да ги намалат последиците.

Се проценува дека има повеќе од 50 милиони сточари во Африка и многу од нив би можеле да имаат корист од овој метод.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет