mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Во Германија запленета слонова коска вредна милион долари

Во Германија запленета слонова коска вредна милион долари

Типографија

Германските царински служби заплениле околу 1,2 тони слонова коска, што е најголема таква заплена во земјата, соопштиле властите во Берлин.

Станувало збор за неколку цели парчиња, но и обработена слонова коска и помали делови.

  • Ова е најголемото количество слонова коска што е откриено во Германија. Ги проверивме податоците за цела Европа во последниве 10 години, и ова е исто така најголемата заплена во Европа - рекол шефот на германската царина Уве Шредер.

На случајот се работело уште од мај, кога германските цариници откриле 625 килограми слонова коска на аеродром близу Берлин провериле неколку пакети во кои било пријавено дека имало мермер наменет за Виетнам. Уапсиле две лица, кај кои во магацин нашле уште 570 килограми, како и машини и алати за обработка.

  • На наше големо изненадување, еден од осомничените, за кого мислевме дека е во Виетнам, всушност се вратил во Германија и работел со вториот осомничен. Местото беше преплавено со слонова коска, машини и алати - рекол обвиителот Бернхард Брохер.

Истражните органи се уште работат на случајот за да расветлат многу неодговорени прашања, како на пример зошто слонова коска од Африка, наменета за Азија, се обработува во напуштена индустриска зона Германија, и кој каква улога имал во целата операција.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет