mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Росатом почна да ја гради иранската атомска централа Бушехр 2

Росатом почна да ја гради иранската атомска централа Бушехр 2

Типографија

Рускиот концерн Росатом ја почна изградбата на комплексот Бушехр 2 во Иран, со церемонија која се одржа во истоимената провинција.

Ова е првиот ваков проект по спогодбата за иранската нуклеарна програма од минатата година. Тој вклучува планови за две нуклеарни централи, кои се очекува да бидат пуштени во употреба за десет години. Изградбата на втората треба да почне во 2018 година.

Проектот ќе чини околу десет милијарди долари и новите централи ќе бидат со моќност од 1.057 мегавати.

Единствената засега нуклеарна централа во Ирак, исто така во провинцијата Бушехр, произведува илјада мегавати и беше пуштена во употреба во 2011 година со руска помош.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет