mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Франција ги забранува пластичните чашки и чинии

Франција ги забранува пластичните чашки и чинии

Типографија

Франција направи нов голем чекор во борбата против загадувањето на животната средина, со воведувањето забрана за употребата на пластични чашки, чинии и прибор за јадење.

Со тоа таа стана првата земја во светот што ги стави пластичните садови за една употреба надвор од законот.

Иако новата регулатива стапи на сила минатиот месец, производителите имаат рок од четири години, до 2020 година, да гарантираат дека сите садови за еднократна употреба се направени од биоразградливи материјали.

Претходно, Франција во јули ги забрани и пластичните ќеси за една употреба.

Организациите за заштита на животната средина го поздравија новиот закон и изразија надеж дека тој ќе даде добар пример и за другите земји да преземат слични мерки. Противниците на мерката, пак, велат дека таа е на штета на потрошувачите и дека се коси со правилата на Европската унија за слободно движење на стоките.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет