Во северниот дел на Аргентина откриен е 30-тонски метеорит, за кој се смета дека е втор најголем во светот.
Тим од научници во саботата откриле метеорит со тежина од 30.800 килограми во провинцијата Чако, на околу 800 километри северозападно од главниот град Буенос Аирес.
Метеоритот е откриен во месноста Кампо дел Сиело, во општината Ганседо, каде имало метеорски дожд пред околу четири илјади години.
Најголемиот метеорит во светот, наречен Хоба, тежи над 50 тони и е откриен во Намибија пред речиси сто години.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS