mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Кенија ќе пошумува територија двапати поголема од Македонија

Кенија ќе пошумува територија двапати поголема од Македонија

Типографија

Кениските власти планираат да ги обноват загубените шуми на речиси девет проценти од својата територија до 2030 година, како дел од борбата против климатските промени, сиромаштијата и гладта.

Станува збор за површина од 5,1 милион хектари, што е двапати поголема од целата територија на Македонија.

  • Ова е најсистематската програма за обнова на деградираните шуми и други области. Со неа се отвораат можности да се намали сиромаштијата, да се подобри сигурноста на обезбедувањето храна, да се преземе нешто во врска со климатските промени и да се заштити нашиот вреден биодиверзитет - изјавила Џуди Вакунгу, министерката за животна средина на Кенија.

Кенија има претрпено тешки последици поради дивото градење, нелегалната сеча и производството на јаглен, поради што шумските површини во земјата се намалија на само седум проценти од нејзината територија, покажале државните податоци. Новата иницијатива е дел од предизвикот од Бон во 2011 година, кога беше поставена цел да се обноват 150 милиони хектари опустошени шуми до 2020 година и 350 милиони хектари до 2030 година.

Кенија е тринаесеттата африканска земја што си постави државна цел во рамките на овој предизвик. Вкупно сите 13 држави се обврзале да обноват 46 милиони хектари шума до 2030 година, според податоците на Светскиот институт за ресурси.

  • Ова е огромен чекор напред - рече Ванџира Матаи, ќерка на кениската екологистка Вангари Матаи, која била добитничка на Нобеловата награда на мир, додавајќи дека сонот на нејзината почината мајка е Кенија да се преоблече во своето зелено руво.

Движењето Зелен појас, кое го основала Вангари Матаи, засадило 51 милион дрвја во Кенија од своето основање во 1977 година.

Три четвртини од кениската територија е сушна или полусушна почва. Држаата се бори со постојани суши поради кои милиони луѓе живеат во сиромаштија и глад. Дури 1,2 милиони Кенијци немаат сигурност во снабдувањето со храна поради намалените врнежи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет