mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Две езера во Србија загрозени од отпадни води

Две езера во Србија загрозени од отпадни води

Типографија

Неопходна е изградба на канализациска мрежа и на пречистувач за да се спречи понатамошното влевање на отпадните води во Палиќко и во Лудашко Езеро во Србија, изјавил хидрологот Мишел Роман, член на работната група за санација.

Роман истакнал дека населеното место Палиќ има 7.500 жители, а само 40 отсто од нив се поврзани на канализациска мрежа. Згора на тоа, ниту таа мрежа нема пречистителна станица, туку директно се влева во езерото.

  • Оваа канализациска мрежа само ја собира отпадната вода и без каков било третман ја испушта во езерото Лудаш - нагласил Роман.

Според него, неопходно е да се спречи понатамошното загадување на езерата и затоа е важно граѓаните на Палиќ да се изјаснат дали сакаат да се изгради канализациска мрежа, за да може да продолжи санацијата на самото езеро.

  • Треба да се постави зелен заштитен појас околу овие езера, за да се заштитат од негативното влијание од земјоделството, да се подобри ефикасноста на работата на градската пречистителна станица и да се спречи биолошката манипулација поради која минатата година над 90 отсто од рибниот фонд во езерото Палиќ беше сребрен караш, наречен бабушка, вид што масовно се размножува и се смета за штетник, зашто го спречува развојот на планктонот што му е неопходен на езерото - објаснил Роман.

Тој сепак истакнал дека квалитетот на водата во езерото денес е многу подобар во споредба со пред три или четири години.

Граѓаните на Палиќ до крајот на јануари треба да се изјаснат дали се заинтересирани за приклучување на идната канализациска мрежа, која треба да се направи до средината на оваа година. Обрасците за изјаснување може да се преземат од интернет-страницата на градот Суботица или од страницата на претпријатието Водовод и канализација. Цената за приклучок ќе изнесува 220 евра и ќе може да се плати на 24 рати.

Канализациската мрежа се гради во рамките на програмата за санација на Палиќко и на Лудашко Езеро и за заштита на биодиверзитетот. Цената на овој проект е околу 6,5 милиони евра, а го финансира германската развојна банка КФВ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан