mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Србија бара консултанти за користење биомаса

Србија бара консултанти за користење биомаса

Типографија

Српското министерство за рударство и енергија бара независни консултанти за проект за промоција на користењето на биомасата за греење и ладење.

Со програмата наречена „Промоција на обновливата енергија - развој на пазарот на биомаса во Србија“ се планира да се поттикне напуштањето на употребата на фосилни горива и преминувањето на решенија што се подобри за животната средина. Програмата е поддржана од германската банка за развој КФВ и од швајцарската влада. Со неа се планираат инвестиции во бојлери, пумпи, секундарна опрема, јавни работи, обуки и други услуги што ќе придонесат за развој на користењето на биомаса.

Консултантите треба да им помогнат на министерството и на корисниците во подготовките, како и да ја надгледуваат реализацијата на инвестициите. Се проценува дека за спроведување на целата програма ќе бидат потребни пет години. Компаниите што се заинтересирани да се пријават на повикот за консултанти треба да имаат годишен обрт од најмалку 1,5 милиони евра. Повикот ќе биде отворен до 26 јануари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан