mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Странски служби одговорни за земјотресите во Чанаккале, тврди градоначалникот на Анкара

Странски служби одговорни за земјотресите во Чанаккале, тврди градоначалникот на Анкара

Типографија

Земјотресите во западниот турски округ Чанаккале можно е да се организирани од странски сили кои имаат за цел уривање на економијата на Турција со „вештачки земјотрес“ близу Истанбул, изјави градоначалникот на Анкара.

  • Имаше голем земјотрес во Чанаккале. Јас проверив дека има брод што извршува сеизмични анализи во близина. Што бара тој брод и на која држава и припаѓа треба веднаш да се дознае. Стравувам од потенцијален земјотрес што може вештачки да биде предизвикан - напиша на Твитер Мелих Ѓокчек.

Тој предупредува и за бродовите во Мраморното Море и бара нивна целосна контрола.

  • Ударот кон Турција сега има за цел да ја урне економски со земјотрес близу Истанбул. Некои може ќе ми се смеат, но јас сум вознемирен поради тоа. Сите подморници и бродови крај Истанбул, Мраморното Море и Чанаккале треба да бидат под надзор - напиша тој.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан