mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Загреб на водечко место по користење на велосипед во зима

Загреб на водечко место по користење на велосипед во зима

Типографија

На меѓународниот „Зимски ден на возење велосипед до работа“ кој се одржува на 10 февруари, велосипедисти од целиот свет се борат за прво место по масовност, а меѓу нив се и загребчаните кои имаат победено во 2015 и 2016 година.

Оваа година за натпреварот се имаат пријавенопет факултети на загребскиот универзитет.

Синдикатот на велосипедитите потсетува дека Загреб е блокиран од 400 илјади моторни возила и затоа повикува на што почесто возење на велосипед затоа што тоа е еколошки, евтин и здрав начин на движење.

  • Загреб во 2015 и 2016 година ја зема победата благодарение на најголемиот број пријавени велосипедисти, а оваа година е повторно на прво место - велат од Синдикатот на велосипедистите.

Оваа година новина е тоа што посебно ќе се рангираат натпреварите на факултетите, покрај тие на граѓаните, фирмите и училиштата.

Иницијативата „Зимски ден на возење велосипед до работа“ потекнува од Канадаод пред пет години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан