mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Акцизите за биомаса и обновливите извори на енергија во Хрватска ќе бидат опасен преседан

Акцизите за биомаса и обновливите извори на енергија во Хрватска ќе бидат опасен преседан

Типографија

Воведувањето на акцизите за биомаса и други обновливи извори на енергија во Хрватска беше главна тема за време на Меѓународната конференција за биомаса и обновливи извори на енергија.

Претставниците на хрватскиот кластер Вуд, кој е организатор на конференцијата, предупредија дека воведувањето на акцизата на обновливите извори на енергија, вклучувајќи биомаса, целосно ќе го уништи комбинираното производство на биомаса и производство на пелети во таа земја. Според најавите акцизите на производи добиени од обновливи извори на енергија ќе бидат 15 отсто.

Од Асоцијацијата CROBIOM велат дека воведувањето на овие видови на давачки ќе биде "опасен преседан".

  • Ретроградните промени на условите за инвестирање ќе бидат голем удар за сите оние инвеститори кои веќе имаат инвестирано стотици милиони евра во производство на енергија од дрвена биомаса, кои на Хрватска гледаат како на стабилен регион за инвестирање - се вели во соопштението објавено од страна на CROBIOM.

Според претставниците на индустријата, последиците од најавениот предлог за воведување на акцизата може да бидат неизмерни и далекусежни за низа на индустриски сектори.

Дрвната индустрија во Хрватска го сочинува 10 отсто од извозот на земјата и изнесува 3,6 отсто од БДП. Воведувањето на акцизите ќе ги загрози инвестиции во вредност од повеќе од 190 милиони евра, како и проектите што се во тек и се во вредност од над 450 милиони евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан